Уште едно признание за Почесниот руски конзул во Битола

 Уште едно признание за Почесниот руски конзул во Битола
На г-дин Сергеј Самсоненко му е доделено посебно признание за изборот за Почесен конзул на Руската Федерација во Република Македонија, Општина Битола. Признанието доаѓа од Битолски Весник од Битола, медиум кој по 18-ти пат ја организира манифестацијата "Избираме најуспешни Битолчани". 

Ова признание претставува огромна чест како за г-дин Самсоненко, така и за Почесниот конзулат. Воедно, со овој чин ја препознаваме уште поголемата одговорност кон граѓаните на Битола но и кон сите граѓани на Република Македонија да продолжиме да работиме за нивно добро. И понатаму ќе останеме доследни во градењето пријателски мостови и унапредување на билатералните односи меѓу двете држави. 

Во име на Почесниот конзул, признанието му беше врачено на Проект менаџерот во Кабинетот на г-дин Сергеј Самсоненко во Македонија, Ратко Капушевски.