"САГА ЗА “РУСКАТА ЗАКАНА НА БАЛКАНОТ”. ЛАГИ И РЕАЛНОСТ". КОЛУМНА НА АМБАСАДОРОТ ОЛЕГ ШЧЕРБАК ВО ВЕСНИКОТ „ВЕЧЕР“

"САГА ЗА “РУСКАТА ЗАКАНА НА БАЛКАНОТ”. ЛАГИ И РЕАЛНОСТ". КОЛУМНА НА АМБАСАДОРОТ ОЛЕГ ШЧЕРБАК ВО ВЕСНИКОТ „ВЕЧЕР“
Денес западниот свет поминува низ многу проблеми кои ја поткопуваат неговата превидена монолитност. Разликите, пред се, ги засегаат односите меѓу Брисел и Лондон поради Брегзитот, како и односите меѓу Брисел и Вашингтон. Притоа, актуелните односи на низа европски земји со Доналд Трамп кои не се едноставни се само врв на ледениот брег на заемните претензии и недоверба. На многумина во Европа не им одговараат ниту англосаксонските воени авантури на Блискиот и Средниот Исток, а и во другите региони на светот поради кои Европејците губат пазари и се соочуваат со милионски миграциски бранови, ниту присуството на вооружените сили на САД на европскиот континент кое трае веќе седумдесет години и според сите знаци личи на окупација”. Очигледен е и внатрешниот раскол во самата Европска Унија. Спротивставувањето меѓу “старата Европа” и источноевропските членки, спорови за разумноста на политиката на проширување, разлики околу миграциската криза, незадоволство поради загубите од санкциите против Русија, поради реинкарнацијата на Студената војна и барањата на НАТО трошоците за одбрана кои се издвојуваат од националните буџети да се зголемат за 2 отсто од БДП. Ситуацијата се влошува поради деградација на системот на вредности и кризата на светоглед која го погоди Западот…

Во моментов таканаречениот “колективен Запад” повеќе се преправа дека е единствен механизам отколку навистина е таков. За да ги “сплоти редовите”, истиот тој го користи начинот кој е проверен со векови, тоа е потрага по “заеднички непријател”. Денес таа улога како и повеќе пати во минатото пак и беше дадена на Русија. Законот на “непријател на западната цивилизација” гласи дека колку поголеми внатрешни проблеми имаат Вашингтон, Лондон и Брисел, толку повисок е степен на русофобијата. Антируската хистерија комотно не се применува само во геополитиката туку и за решавање на тековните себични проблеми. На пример: Вашингтон воведувајќи ги санкциите против европски компании кои спротивно на волјата на Стејт департманот соработуваат со руски компании, од една страна удира врз конкурентите, додека од другата ги разделува Русија и Европа, спречува реализирање на нивните заеднички проекти, пред се во енергетиката и, шепотејќи, на Европејците им наметнува да го купуваат американскиот гас за три пати повисока цена. Суперштедливата Тереза Меј, која за Лондон со помош на монтираниот од истиот тој Лондон случај “Скрипал# создаде образ на жртва на “руската агресија” без никаков срам бара намалување на “пеналите” во делот на британските финансиски обврски кои мора да ги плати Лондон поради излезот од ЕУ. Истата шема ја користи и нацистичката власт во Киев за да не ги намирува надворешните долгови. Во русофобијата да се гледа панацеја од сите проблеми е како да се лекува гангрена со обичен фластер. Но западните елити и нивните вазали се уште упорно ја сметаат сагата за “руската закана” за спасувачки лек кој секогаш помага. За жал, овој отров се почесто се употребува на Западниот Балкан вклучувајќи ја Македонија.

Во последно време лагата за “агресивно и деструктивно руско влијание# стана популарна тема во македонските медиуми и во многубројни пиар-дебати посветени на евроатланската интеграција. Темата активно ја промовираат западни политичари и пензионирани дипломати кои го препловија Скопје, како и претставници на политички партии, пратеници и дури некои членови на Владата кои веројатно сметаат дека сето тоа што доаѓа од Џорџ Сорос, Брисел и Вашингтон претставува неспорна вистина. Токму по иницијатива на Западот, Русија без секакви докази се обвинува за наводни обиди да ја дестабилизира Македонија, се обвинува дека наводно распалува меѓуетнички раздор, му се заканува на официјалното Скопје и го уценува. Со еден збор – прави се за да ја спречи интеграцијата на земјата во НАТО-членството во кое, како што уверуваат евроинтегратори, секако веднаш ќе ги реши сите проблеми на Македонија и на еден чудесен начин ќе го подобри животот на нејзините граѓани. Особено загрижува дека за „деструктивно руско влијание на Москва# најупорни русофоби ги прогласуваат и развојот на руско-македонската трговско-економска соработка, зголемувањето на количеството на македонскиот извоз во Русија и дури културни, хуманитарни и духовни релации – сето тоа што во здравиот разум никако не е возможно да се смета за агресивни активности.

Очигледно е дека самиот израз „руска агресија на Балканот” претставува политички и историски нонсенс. Русија никогаш не нападнала ниту една земја од регионот, за разлика, на пример, од големите сили кои денес во македонскиот информативен простор активно го наметнуваат образот на „злобна руска мечка”. Меѓу тоа Русија многу често ја играше улогата на бранителот на балканските народи. Најсјајен пример е фактот што токму нашата земја во 1877-1878 година ја водела без малку најалтруистичката војна во светската историја. Тогаш по цена на животи на десетици илјади свои војници и доброволци Русија ја ослободила Бугарија од османлиското ропство, издејствувала целосна независност на Србија, Црна Гора и Романија, и за тие успеси не доби ништо освен уште една порција на валкана клевета и рестрикции од Лондон, Париз и Берлин. Во сите времиња и епохи градењето на навистина братски, рамноправни и обострано полезни, односи со сите балкански земји, вклучувајќи ја и Македонија, беше непроменлив приоритет на Русија. Убедени сме дека таквата политика им одговара на темелните интереси на сите народи на овој регион чиј потенцијал, стремеж кон мирот и просперитетот може да бидат ефикасно реализирани не во рамките на затворени воено-политички и економски структури, туку во отворена соработка и со Северот, и со Југот, и со Истокот, и со Западот.

Меѓутоа, несреќата е тоа што Балканот и Македонија Западот ги смета за својот неоколонијален посед и се нервира од секој обид на земјите од регионот да градат конструктивни односи со други центри на моќ. Во тоа Вашингтон и Брисел гледаат предизвик за своето влијание бидејќи не сакаат на фер начин да се конкурираат за паметот и паричникот. Оттука поттикнува негативниот однос на Западот кон руско-македонските односи, стремежот максимално да ги ослаби и да го направи тоа со рацете на самата Македонија. Токму така треба да се процени одлуката на Владата на Македонија од 26 март оваа година која е без преседан во историјата на руско-македонските односи, за протерување на рускиот дипломат од земјава – “во знак на евроатлантската солидарност со Велика Британија#. Македонија отворено ја заплашуваат и ставаат пред избор – или заедно со “цивилизираниот свет” против Русите, или истиот тој Западот ќе ја втурне земјата во хаосот на дестабилизацијата.

Таквите потези, а и директни закани (да се потсетиме на Џон Кери) Македонија да биде ставена на “линија на огнот” меѓу САД и Русија имаат за цел на Скопје да му се одземе политички маневар и да се забрза влегувањето на земјата во НАТО под условите на Западот и на тој начин Македонија конечно да биде отсечена од алтернативни варијанти на развојот. Заради тоа врз Македонија се врши моќен политички притисок, дарежливо се даваат празни ветувања, се пумпа антируската пропаганда. Сето тоа е сосема разбирливо бидејќи без лагите за „интриги на Русите” многу е тешко да му се објасни на населението смисла на лудата трка по скапото во сите смисли членство во агресивниот воено-политички блок, и тоа по цена на откажување од уставното име на државата и отстапки во прашањата кои ги засегаат темелните интереси на народот на Македонија.

Во заклучок може да се каже дека „фејкови” за „растечката руска закана” и „подмолниот Кремљ”, кој, наводно, постојано сонува „да го наполни вакуумот во Македонија”, немаат никаква врска со реалноста. Напротив. Русија е една од мал број земји која цврсто и континуирано се залага за поддршка на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, против надворешно мешање во нејзините внатрешни работи, за правото на нејзините граѓани сами да одлучуваат за својата судбина и за патот на развој на земјата.

Реалната закана по независноста и суверенитетот на Балканот и на Македонија произлегува од агресивните сили на Западот кои сметаат дека имаат право бескрупулозно да се мешаат во внатрешните работи на земјите од регионот, самоиницијативно да ги прогласуваат за зоната на своето влијание и да воспоставуваат своја монополска контрола врз истите тие земји, да одлучуваат со кого и како балканските држави треба да градат надворешни односи.

Сепак, уверен сум дека во 21 век политиката на лагите и диктатот нема иднина.