АМБАСАДА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЈА ОДРЖА СВЕЧЕНАТА ЦЕРЕМОНИЈА ПРЕД СПОМЕНИЦИТЕ НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ВО СКОПЈЕ И СТРУМИЦА, 12 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

АМБАСАДА НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ЈА ОДРЖА СВЕЧЕНАТА ЦЕРЕМОНИЈА ПРЕД СПОМЕНИЦИТЕ НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ВО СКОПЈЕ И СТРУМИЦА, 12 АПРИЛ 2019 ГОДИНА
По повод на Меѓународниот ден на космонаутиката Амасадата на Руската Федерација ја одржа свечената церемонија пред спомениците на Јуриј Гагарин во Скопје и Струмица. Во текот на настанот, каде учествуваа градоначалник на општина Карпош Стефан Богоев, претседателот на Советот на град Скопје Љубица Јанчева, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, градоначалникот на општина Струмица Коста Јаневски, претседателот на Совет на општина Струмица Марјан Даскаловски, раководството на странски дипломатски претставништва, меѓу кои  на Народна Република Кина Јин Лисјен, Почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид Велимир Стојковски и претставниците на компании и на општествениот живот, бројни медиумите, се одржа церемонијата на полагање на цвеќе и пуштање на 58 балони во небото со ликот на Јуриј Гагарин, во боите на руското знаме.

Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин им се обрати на присутните: «Пред сè би сакал да изразам благодарност до сите Вас, кои дојдовте денес за да го прославите со нас Денот на космонаутиката, што е значаен датум посветен на првиот лет на човекот во вселената. На иницијатива на Русија на 7 април 2011 година, на специјален состанок на Генералното собрание на ООН, беше усвоена резолуција, којa официјално го прогласи 12 април за Меѓународен ден на летот на човекот во вселената.

Точно пред 58 години – токму затоа, патем речено, на крајот на церемонијата ќе ги пуштиме во небото 58 балони во боите на руското знаме – советскиот космонаут Јури Гагарин на вселенскиот брод "Восток-1" за првпат во светот ја надлетал Земјата околу нејзината орбита, што траело 108 минути. Тешко е да се прецени значењето на овој настан за целото човештво. Подвигот на Јуриј Гагарин не беше само моќен продир во истражувањето на вселената, туку и олицетворение на херојството и самопрегорот на рускиот народ. Летот на "Восток" означи нова ера во историјата на цивилизацијата, го потврди извонредниот придонес на нашата земја кон светскиот напредок.

До ден-денес, истражувањето и освојувањето на вселенскиот простор, користењето на можностите кои се отвораат во интерес на економијата и социјалната сфера остануваат најважни приоритети на технолошкиот пробив на Русија. Од 1961 година до сега,
122 наши космонаути учествуваа во орбитални летови. Во 2018 година, Русија изврши 17 орбитални лансирања. Сега на орбитата е тимот на 59-тата долгорочна мисија на Меѓународната вселенска станица, која вклучува и двајца Руси – Алексеј Овчин и Олег Кононенко, тројца Американци – МекКлајн Ен Шарлот, Тајлер Николас Хајг и Кристина Хамак Кук и Канаѓанецот Дејвид Сен Жак.

Планираме градење на орбитална групација на вселенски летала за социо-економски и научни цели, вклучително и за спроведување на подлабако истражување на Месечината, учество во мисии во рамките на меѓународната соработка за истражување на Марс, Венера, Меркур и Сонцето.

Главниот приоритет на руската вселенска програма останува зачувување на постојниот безбедносен систем во вселената. Русија, како и досега, смета за неопходно да се обезбеди мирно користење на вселенскиот простор и се противи на нејзината милитаризација. Клучната улога во оваа насока имаат напорите на Русија и на Кина за склучување договори за забрана на милитаризација на вселената.

Нашата земја е отворена за соработка во вселенската индустрија со сите заинтересирани земји со цел да се постигне глобален научен и технички напредок. Учеството на голем број гости овде денес укажува на вистински интерес за космонаутиката од страна на македонските граѓани.

Уште еднаш би сакал да ви го честитам на сите присутни овој празник, посветен на светскиот симбол на извонредни човечки дострели и достигнувања, на јунакот – Јуриј Гагарин...».

Вечерта под организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола се одржа и неформалната забава "Yuri`s Night" во «Скај барот» во хотел «Русија».