АМБАСАДОРИ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Пјотр ДОБРОСЕРДОВ (†2006) 
Амбасадор во Македонија од 1996 до 2000 год.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Киро Глигоров на 26декември 1996 година, а ја завршил својата мисија на 22 јуни 2000 година.

Владимир ИВАНОВСКИ
Амбасадор во Македонија од 2000 до 2002 год.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Борис Трајковски на31 јули 2000 година, а ја завршил својата мисија на 30 јануари 2002 година.

Агарон АСАТУР
Амбасадор во Македонија од 2002 до 2006 год.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Борис Трајковски на14 март 2002 година, а ја завршил својата мисија на 15 јули 2006 година.

Владимир СОЛОЦИНСКИ
Амбасадор во Македонија од 2006 до 2010 год.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Бранко Црвенковски на 29 август 2006 година, а ја завршил својата мисија на 18 декември 2010 година..

Олег ШЧЕРБАК
Амбасадор во Македонија од 2011 год.

Акредитивните писма му ги предал на Претседателот Ѓорге Иванов на 28 јануари 2011 година.