Богојавление во Битола

Богојавление во Битола

Светиот празник во Македонија се одбележа со традиционалното капење во водите на реките и езерата осветени од свештенослужителите, како и со народни манифестации. Според   востановениот обичај, по служењето на литургијата во реките и езерата беше фрлен дрвен крст, по кој во водата влегоа голем број верници.

Фаќањето на крстот од водата е голема чест. Тој, на кого тоа ќе му успее да го направи, по преданието, ќе има добро здравје, успех и спокојство во душата целата година.
Преспанско-пелагониската православна епрахија го одбележа празникот Богојавление - Водици кој според востановената традиција и оваа година се одржа во дворот на храмот „Св. Великомаченик Димитриј“во Битола.

Водсвет на водата во црковниот базен изврши митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар и го спушти Светиот крст по кој во црковниот базен скокнаа дваесеттина момчиња од овој град.

Годинава највешт и најсреќен учесник на црковниот настан Водици во Битола беше Виктор Манговски, кој прв пат го фати Светиот крст.