ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА МАСЛЕНИЦА

ВЕ ПОКАНУВАМЕ НА МАСЛЕНИЦА

Масленица, неделата во која се одбележува крајот на зимата и која е исполнета со веселба, семејни обичаи од секаков вид, како и вкусните палачинки кои го симболизираат сонцето и понатаму е омилениот празник во современа Русија. Оваа година Масленица започнува на 24 февруари. Палачинките се главното јадење и претставуваат симбол на Масленицата.

Во Неделата на палачинки и Масленица, од 24 до  28 февруари  ве покануваме во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола заедно да ја прославиме Масленица со руски палачинки.