ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БРАНИТЕЛОТ НА ТАТКОВИНАТА

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БРАНИТЕЛОТ НА ТАТКОВИНАТА
На 22 февруари 2018 година Амбасадата одржа традиционален прием по повод Денот на бранителот на Татковината. На свечениот настан беа присутни Претседател на Собранието на Република Македонија, г-дин Талат Џафери, високи претставници од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, од Генералштабот, од Министерството  за одбрана и Министерството за надворешни работи, како и Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, Почесниот конзул на Русија во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, амбасадори и воени аташеа на другите земји, политички и општествени дејци, раководителите на руските компании што функционираат во Република Македонија, новинари, македонски бизнисмени.