ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖАА ДЕНОВИТЕ НА КУЛТУРАТА НА РУСИЈА

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДРЖАА ДЕНОВИТЕ НА КУЛТУРАТА НА РУСИЈА
На 25 октомври во Македонски народен театар во Скопје се одржа свечена церемонија на отворање на Деновите на културата на Русија во Македонија. Меѓу многубројните гости на настанот беа присутни сопругата на Претседателот на Репиблика Македонија,г-ѓа Маја Иванова, членови на Владата на Република Македонија, дипломати во Министерството за надворешни работи на Република Македонија и претставници од други државни институции на земјава, Поглаворот на Македонска Православна Црква-Охридкса Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, Ректорот на Универзитетот "Св. Кирил и Методиј"-Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, други претставници на општествено-политички, културни и деловни кругови на Македонија. Кон гостите се обратија Министерот за култура, г-дин Роберт Алаѓозовски, и Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, кој го прочита поздравниот говор на Министерот за култура на Руската Федрација, г-дин Владимир Медински, и истакна дека "односите меѓу нашите две земји и двата духовно блиски народа имаат длабоки корени и високо ниво на заемно разбирање. Голем придонес за тоа даде и културната соработка која динамично се унапредува". По церемонијата на отворањето македонската публика имаше можност да се запознае со изложбата "Доба на Григорович" и да ужива во концертот на Државниот академски руски народен хор "Митрофан Пјатницки" кој прв пат настапуваше во Македонија. 
 
Со голем успех концертот на хорот се одржа и на 26 октомври во Струмица каде освен голем број струмичани во мајсторството на артистите од најстариот руски хор уживаа и Градоначалникот на општина Струмица, г-дин Коста Јаневски, Претседателот на општинскиот Совет,г-дин Марјан Даскаловски. 
 
На истиот ден во Скопје се одржа заеднички концерт на солистите од Русија, Василиса Бержанска (вокал), Олга Артјугина (виолина), Рустем Хаммидулин со оркестар на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет под диригентство на Бисера Чадловска. Руските музичари станаа први странски артисти кои настапија во новата сала на Филхармонија отворена само еден ден пред концертот.