ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ГАЛА-КОНЦЕРТ «ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА», 8 МАЈ 2019 ГОДИНА

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ГАЛА-КОНЦЕРТ «ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА», 8 МАЈ 2019 ГОДИНА

Во параклисот на црквата „Св. Георги Победоносец” во Скопје кој се наоѓа во склоп на црквата „Света Торица” чиј ктитор е почеснот конзул на Русија во Битола, г. С. Самсоненко, во организација на Амбасадата на Руската Федерација, се одржа молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна.
Со молебенот чиноначалствуваше Архимандритот Васијан (Змеев), настојателот на Подворјето на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, во Софија. На молебен споменот покрај амбасадорот Сергеј Баздникин, претставници од Амбасадата, почесните конзули на Руската Федерација во Охрид и Битола, дојда и претставници на државни институции, претставници на дипломатскиот кор, руски сонародници и бројни граѓани.

Потоа гостите преминаа на платото пред спортскиот центар „Јане Сандански“, кадешто беше поставен ”Ѕид на сеќавање“, со отсликани портрети на учесници на антифашистичката борба, каде подоцна во 18.00 часот се одржа гала-концертот “Денот на Победата”. Бројни гости имаа можност да уживаат во песните од времето на војната. Пред концертот беше одржан молебен за помен на руските војници загинати во сите времиња, а исто така и беше отворен “Ѕид на сеќавање” со отсликани портрети на учесници на антифашистичка борба. На почетокот на концертот беше прикажан краток филм за настаните во Големата Татковинска Војна.

На присутните им се обрати Амбасадорот на Русија Сергеј Баздникин:
«Почитувани дами и господа,
Драги пријатели,
Пред сé, ви го честитам на сите присутни, најпрво – на почитуваните ветерани, претстојниот празник – 74-годишнината на Победата во Големата Татковинска Војна. Ова е, навистина, најсветиот и најрадосен празник за нашата земја - како што велиме, празник со солзи во очите.
На овој ден му оддаваме почит на големиот подвиг на нашите предци - татковци, дедовци, прадедовци, кои со неверојатни напори ја одбранија слободата и независноста на нашата Татковина и ни оставија мирно небо над главата. Многумина од нив за ова ја платија највисоката цена - ги дадоа своите животи и никогаш не се вратиле од боиштата.
Тешко е да се прецени улогата на советскиот народ во Втората Светска Војна. Нашата земја се соочи со најжестоките удари на непријателот. Без херојскиот отпор на Црвената армија и натомошната офанзива на Источниот фронт, која заврши со заземањето на Берлин, светската историја би можела да има сосема друг тек.
Меѓу оние кои ја извојуваа победата над фашизмот беа и вработените во Министерството за надворешни работи. Дипломатите се бореа во редовите на народната милиција, доследно ги бранеа надворешнополитичките интереси на земјата, придонесуваа за формирање и сплотување на антихитлеровата коалиција. Се разбира, благодарение на нивните напори, се формираше и поствоената безбедносна архитектура. И денес нивната задача е да се спречи повторување на тажните лекции од минатото.
Заедничката работа е особено потребна денес, кога постои опасниот потенцијал на конфликти во светот. Гледаме како се интензивираат напорите за уривање на архитектурата на меѓународната безбедност, формирана врз основа на резултатите на Втората Светска Војна.
Русија цврсто се залага за градење на нов праведен и демократски светски поредок врз основа на принципите на меѓународното право, вистината и правдата. Ние сме отворени за дијалог базиран на почитување на интересите на сите партнери и на изнаоѓање баланс на овие интереси. Настојуваме да направиме сé за човештвото да не мора повеќе да поминува низ хоророт на војната.
Големата Победа засекогаш ќе остане врвот на историјата на нашата земја. Меѓутоа добро се сеќаваме и на нашите сојузници во антихитлеровата коалиција. Никогаш не сме ја делеле Победата на наша и туѓа. Високо го цениме придонесот на сите оние што се бореле рамо до рамо против нацизмот, вклучувајќи ги и херојските учесници на националноослободителното движење на Македонија, антифашистичките борци на ударните бригади и партизанските одреди. Им посакуваме здравје, благосостојба, добро расположение и сé најдобро.
Овој гала-концерт, секако, е посветен на песните од времето на војната.  Искрено сум им благодарен на организаторите - нашите сонародници, пред сè на  Елена Силјаноска, на сите изведувачи, вклучувајќи ги и солистките Арина Крајушкина и Алена Мартинова, кои дојдоа од градот Електростаљ. Не можам да не ги спомнам младите Ира Колесникова и Марко Богоевски, кои ќе рецитираат поезија, и Марија Самсоненко, која ќе ја испее песната "Журавли".
Подготвивме голема програма на настани со која го прославуваме Денот на Победата. Утре ќе се одржат положувања цвеќе пред Споменикот на загинатите партизани на Матка и пред Меморијалот на непобедените во Паркот на револуција во Прилеп, и исто така манифестацијата "Бесмртен полк" во Битола. Уште еднаш ве покануваме сите да земете учество во овие настани.
Ви благодарам за вниманието.
Предлагам да им оддадеме почит сите загинати херои и жртви на војната со едноминутно молчење.»