ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ДИПЛОМАТСКИ ФУТБАЛСКИ ТУРНИР

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ДИПЛОМАТСКИ ФУТБАЛСКИ ТУРНИР

На 19 ноември 2016 година, во спортскиот центар „Јане Сандански“, во организација на Амбасадата на Руската Федерација, се одржа дипломатски турнир во мал фудбал на кој учествуваа екипите на Амбасадата на Германија, Делегацијата на Европската унија, Амбасадата на Италија, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана на Република Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Амбасадата на Русија и екипата на Дипломатскиот кор.


Во страсната борба во големата и малата сала на спортскиот центар првото место го освои екипата на Министерството за одбарана, пехарите за второто и третото ги добија екипите на Амбасадата на Италија и на Министерството за надворешни работи. Останатите учесници добија специјални плакети.


Амбасадата и конзулатот од сѐ срце им честита на победниците, а на сите учесници на овој спортски празник, како и на многубројни навивачи им изразува голема балгодарност дека најдоа време, ја поддржаа нашата иницијатива и ова саботно утро беа заедно со нас. Ви благодариме многу!