ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БЕСМРТЕН ПОЛК“

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈАТА „БЕСМРТЕН ПОЛК“

Во параклисот на црквата „Св. Георги Победоносец” во Скопје кој се наоѓа во склоп на црквата „Света Торица” чиј ктитор е почеснот конзул на Русија во Битола, г. С. Самсоненко, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, се одржа молебен во спомен на загинатите руски војници во Втората светска војна.


 Со молебенот чиноначалствуваше Архимандритот Васијан (Змеев), настојателот на Подворјето на Патријархот Московски и на цела Русија Кирил, во Софија. На молебенот покрај амбасадорот Н.Е. О.Н. Шчербак со сопругата, заменик-шефот на Мисијата, К. Берсенев, претставници од Амбасадата, почесните конзули на Руската Федерација во Охрид и Битола, присуствуваа и Митрополитот повардарски Агатангел, претставници на државни институции, претставници на дипломатскиот кор, руски сонародници и бројни граѓани.


Потоа гостите преминаа на платото пред спортскиот центар „Јане Сандански“, кадешто беше поставен ”Ѕид на сеќавање“, банер 6 х 4 метри со симболот на манифестацијата и фотографии на борци-антифашисти доставени до Амбасадата од страна на руски сонародници, Сојузот на борци од народноослободителната борба во Скопје и Струмица, Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вработени во Руската Амбасада и од граѓани на Македонија. Вкупно пред ”Ѕидот на сеќавање“се собраа околу 200 граѓани од Русија и од Македонија, како и претставници на дипломатскиот кор. За време на манифестацијата настапија гостите од рускиот град Електростаљ (Московската област), пејачки Аљона Мартинова и Екатерина Карташова кои ги испеаја советските воени песни, а исто така и ученици од ОУ „Димитар Миладинов“ кои рецитираа стихови за Големата Татковинска војна на рускиот јазик