ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРИ ИЗЛОЖБА ЗА РУСКИ СОНАРОДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРИ ИЗЛОЖБА ЗА РУСКИ СОНАРОДНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА
На 18 декември 2017 година во Скопје се одржа отворање на историско-документарна изложба „Русите во Македонија (1920-1940)„ подготвена од Државниот архив во Република Македонија и Институтот за национална историја на Македонија под покровителство на Университетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје. Во рамиките на поставата е претставен уникатен фотодокументарен материјал кој ги одсликува животот и дејноста на руската емиграција за време меѓу двете светски војни, нивниот придонес за развој на македонската наука, образование, култура, медицина, архитектура и духовниот живот. За време на церемонијата кон присутните се обратија Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, и Директорот на Државниот архив, г-дин Кирил Петров.

Во рамките на настанот Амбасадорот ѝ додели на раководителот на здружението на руски сонародници „Чајка„, г-ѓа Елена Силјаноска медал „Пушкин„. Нашата сонародничка е одликувана со оваа висока државна награда за заслугите во зацврстување на пријателството и соработката меѓу народите и плодната дејност за зближување и заемно збогатување на нивните културите.