ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРИЈА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК

ВО СКОПЈЕ СЕ ОТВОРИЈА БЕСПЛАТНИ КУРСЕВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК
На 23 март оваа година Амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак, зеде учество во свечената церемонија на отворањето на бесплатни курсеви по руски јазик организирани од страна на Центарот за странски јазици IKL. Во своето поздравно обраќање кон многубројните гости меѓу кои беа професори по русистика, претставници на општествени, културни и научни кругови, како и курсисти, Амбасадорот Шчербак истакна дека „денешниот настан е од големо значење за сите љубители на руската култура и словесност, како и за развој на сестраната соработка меѓу нашите два братски и духовно блиски народа. Успех на таквата соработка во голема мерка зависи од знаењето на јазиците, културите и традициите, разбирањето на системите на вредности кои фукционираат во нашите земји и општества, специфичностите на водење бизнис, знаење како да се почитуваат и слушаат партнери„. Најмалите курсисти изведоа популарни руски песни за деца и изрецетираа стихови од руски поети.

Центарот за странски јазици IKL работи во Македонија од 1998 година. На почетокот на своето постоење Центарот функционираше само во Куманово, но чекор по чекор истиот стана толку популарен што се појави неопходноста да се отвори филијала и во македонската престолнина. Освен руски во Центарот се предава англиски, германски, шпански, италијански, француски и албански јазик.