ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ПРИЕМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСИЈА
На 13 јуни 2018 година Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија одржа државен прием по повод националниот празник – Денот на Русија. Во свечената прослава зедоа учество заменик-Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за внатрешни работи г. Оливер Спасовски, Министерот за транспорт и врски, г. Горан Сугарески, делегација од Кабинетот на Претсетдателот на Република Македонија, високи претставници на МНР на Македонија, пратеници во Собранието, градоначалници, лидери на политички партии, шефови на дипломатските мисии и претставници на меѓународните организации акредитирани во Скопје, политички и општествени дејци, бизнисмени, новинари, руски сонародници, активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство. Специјалните гости на приемот беа млад македонски голман Јане Велковски кој се бори со тешка болест, како и легендата на македонскиот фудбал Дарко Панчев. Амбасадорот на Русија заедно со Дарко Панчев му врачија на Јане поклони со логото на Светското првенство во фудбал ФИФА-2018 во Русија.

Во своето поздравно обраќање кон присутните Амбасадор на Русија во Македонија Н.Е.Олег Шчербак истакна, дека „ние се гордееме со својата земја, нејзината богата историја, култура, наука, со придонесот на Русија во развој на светската цивилизација, промовирање на меѓународна соработка, обезбедување на мир и безбедност на планетава. Ја цениме нашата незвисност и суверенитет, цврсто се залагаме за нашето достоинство и национални интереси. Наш приоритет е просперитет на Русија и благосостојба на нејзините граѓани. Русија со почит се однесува кон други земји и секогаш е подготвена за чесно, рамноправно и обострано корисно партнерство со сите држави, вклучително и со Република Македонија“.

Голем интерес предизвика изложба и видеа за светското фудбалско првенство, подготвени од страна на Амбасадата, а исто така симболика на турнирот, која беше презентирана на приемот.