Владимир Путин раскажа во што е силата на Русија

Владимир Путин раскажа во што е силата на Русија
Владимир Путин раскажа во што е силата на Русија 

Претседателот на Русија, Владимир Путин во обраќањето на првата седница на Државната дума со нов состав, раскажа во што е силата на Русија. 
„Секоја земја има право да биде силна... Силата на Русија е во нас самите, таа е во нашиот народ, во тадицијата и нашата култура, во нашата економија, во нашата огромна територија и природните богатства, во одбранбената способност, секако. Но најважно е дека нашата сила е во единството на нашиот народ“, изјави Путин.
Според него, тоа е клучен услов за зачувување на државноста и независноста на Русија, како и за постоење на земјата како единствен дом за сите народи, дом кој сите го населуваат.