Во Битола пристигнаа руски весници и списанија

Во Битола пристигнаа руски весници и списанија
Ако сте љубители на рускиот јазик, наука и култура, а воедно сакате да бидете во тек со настаните, во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, благодарение на Амбасадата на Русија во Македонија, пристигнаа следните периодични изданиjа: весниците „Аргументи и факти“, „Руски весник“, списаниjата „Татковина“, „Наука и живот“, „Москва“, „Високото образование во Русија“, „Околу светот“, „Московско списание“, „Весели часови“, „Мурзилка“. За заинтересираните, конзулатот е отворен за посетители од 8ч до 20ч во работни денови и сабота од 10ч до 16ч.