ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА НАСТАНОТ „ЕДЕН ДЕН НА ВОЈНАТА“

ВО БИТОЛА СЕ ОДРЖА НАСТАНОТ „ЕДЕН ДЕН НА ВОЈНАТА“
Вчера во Битола се одржа концерт „Еден ден на војната“, во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот руски конзулат во Битола. На концертот настапија членови од здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“. Публикаат имаше можност да ужива во вокалните изведби на Александра и Стефанија Арсовски, рецитацијата на Гордица Величковска, како и на Ана Кондратенко на виолина и Викторија Митевска на клавир кои настапија со музика од филмот „Шиндлерова листа“.

На сцената на Широк Сокак во Битола ги видовме и Викторија Лоба, како и театарскиот перформанс на Катина Иванова, Дарја Ризова и Благој Веселинов во режија на Нина Николиќ. Дел од овој настан беше и здружението „Русичи“ кои беа задолжени за изработка на симболот за Денот на победата, Георгиевската лентичка, а водител на концертот беше м-р