Во Битола се одржа „Марш на животот“

Во Битола се одржа „Марш на животот“
Денеска во Битола се одржа „Марш на животот“ во спомен на депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови.
 
„Марш на животот“ под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе“ започна пред Споменикот на депортацијата каде беше положено свежо цвеќе и заврши на Железничката станица. Заедно чекореа повеќе официјални лица и делегации, градоначалникот на Битола Владимир Талески а свој претставник имаше и Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола Сергеј Самсоненко. Во негово име свежо цвеќе пред Споменикот положи Проект менаџерот во Канцеларијата на Сергеј Самсоненко во Република Македонија, Ратко Капушевски.