Во Софија се одржа четвртата „Балканска Романсијада“

Во Софија се одржа четвртата „Балканска Романсијада“
На 5-ти ноември во Мермерната сала на рускиот културно - информативен центар во Софија официјално се одржа IV Меѓународен фестивал на руската класична и современа романса „Балканска Романсијада“. Со поздрав до учесниците, организаторите и гостите на фестивалот се обрати Галина Преображенска - заслужниот деец на Руската Федерација, основач и уметнички раководител на Московскиот меѓународен конкурс на млади изведувачи на руската романса „Романсиада“. Таа го прочита поздравот од Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин кон сите учесници на фестивалот. Помеѓу добитниците на наградите се и учесници од Македонија.

Во Софија победник на наградата Гран-при 2016 на „Балканската романсијада“ е младиот македонски  изведувач Илија Белистојановски. Строгото жири додели две први места на Емил Павлив и Мелинда Христова. Три втори места за Лука Петешев,Христина Александрова и Мерела Александрова. Третото место го делат четири изведувачи: Дијана Георгиева, Елена Мишинова, Тодор Арсовски и Тања Лазарова.