ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА КОСМОНАВТИКАТА

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ОДБЕЛЕЖА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА КОСМОНАВТИКАТА

Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија, по повод Меѓународниот ден на космонавтиката, пред споменикот на Јуриј Гагарин кој се наоѓа на истоимената улица во Скопје, ја  одржа традиционална церемонија на положување цвеќе. Меѓу многубројните гости на настанот беа присутни делегација од Советот на град Скопје предводена од Претседателот Љубица Јанчева, дипломати од МНР на Македонија, амбасадори и дипломати на странски држави, почесни конзули,ипретставници на деловни, образовни и научни кругови, новинари, руски сонародници.

Во својот поздравен говор Амбасадорот на Русија во Македонија, Н.Е. Олег Николаевич Шчербак, се осврна на значењето на првото полетување на човекот во Вселената и современите трендови во неговото освојување. Притоа, тој истакна дека „...во моментот најважно е да не се дозволи милитаризација на вселената, да се обединат напорите и ресурсите на сите заинтересирани земји за оствавурање на големи вселенски проекти. Добар пример за ефикасна заедничка меѓународна соработка претставува дејноста на Меѓународната вселенска станица...“.

По церемонијата Амбасадата организираше масовно пуштање балони со ликот на Јуриј Гагарин.

Вечерта во „Скај-бар“ на хотелот „Русија“ се одржа неформален настан „Yuri’s Night“ со поддршка на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола.