Втор Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“

Втор Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“

Вториот Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ се одржа од 15 до 17 септември во Скопје, Свети Николе и Прилеп. Фестивалот беше организиран од здружението на руски сонародници „Чајка“, со финансиска поддршка од Управата на Москва.


Во рамките на фестивалот беа одбележани значајни датуми меѓу кои: 100 години од смртта на Распутин, 170 години од раѓањето на Николај Миклухо-Маклај, 50 години од смртта на Ана Ахматова, 240 години од основањето на Бољшој театар, 75 години од првиот плотун на познатиот ракетен фрлач од Втора светстка воjна «Катјуша» и др., на кои им беа посветени песни и композиции, кои беа изведени од ансамблите «Чајка» и «Славјанка», Дарjа Аристова, Константин Карев, Викториjа Митеска и други.


Во склоп на фестивалот се одржа изложба на уметнички ракотворби, направени од руски уметници.