ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ЗАЕДНИЧКО СЛЕДЕЊЕ НА ТВ ПРЕНОСОТ НА ПРВИОТ МЕЧ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

ВО СКОПЈЕ СЕ ОДРЖА ЗАЕДНИЧКО СЛЕДЕЊЕ НА ТВ ПРЕНОСОТ НА ПРВИОТ МЕЧ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ
Амбасадата на Русија во Македонија на 14 јуни одржа заедничко следење на ТВ преносот на мечот на отворањето на Светското првенство во футбал ФИФА-2018 меѓу репрезентациите на Русија и Саудиска Арабија. Меѓу многубројните гости на настанот беа присутни пратеници во Собранието на Република Македонија, делегација од Кабинетот на Претседателот на Македонија, претставници од дипломатски претставништа акредитирани во Скопје, од македонските деловни, општествени и научни кругови, новинари, руски сонародници и обични љубитетли на фудбалот. Сите присутни уживаа во играта на руската репрезентацијата и самопрегорно навиваа за «нашите» во прекрасна атмосфера на фудбалот создадена благодарение на материјали со смиболиката на првенството презентирани на настанот.