ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СЕ ЗАПОЗНАА СО “МОСКВА ДЕНЕС”

ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СЕ ЗАПОЗНАА СО “МОСКВА ДЕНЕС”
На 30 јануари 2018 година во Музејот на град Скопје се одржа отворањето на фотоизложба “Москва денес” која го презентира современиот лик на руската престолнина. Материјалите за изложбата организирана од страна на Амбасадата на Русија во Македонија во соработка со Россотрудничество, град Скопје и Музејот на град Скопје, ги обезбеди Владата на Москва. Меѓу многубројните гости беа присутни Поглаворот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија г.г.Стефан, Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј-Скопје” проф. д-р Никола Јанкуловски, дипломати од МНР на Македонија, претставници од други државни органи, на дипломатскиот кор, општествено-политички, научни, културни и деловни кругови, познати новинари, активисти на здруженија за македонско-руско пријателство, организации на руски сонародници во Македонија. Кон присутните се обратија Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, Градоначалникот на град Скопје, г-дин Петре Шилегов, Директорката на Музејот на град Скопје, г-ѓа Фросина Зафировска.

Во својот поздравен говор Амбасадорот кратко раскажа за историјата на руската престолнина, а и за најинтересни особини на денешната Москва. Амбасадорот изрази очекување дека изложбата “ќе даде поттик кон натамошно зацврстување на деловните и хуманитарни релации меѓу престолнините на Русија и на Македонија, како и кон развој на плодотворната и заемно корисна соработка, размена на искуства во интерес на жителите на Москва и на Скопје, а и на сите граѓани на двете земји”.

На крајот на свечениот дел на отворањето културно-уметничко друштво на руски сонародници “Чајка” ја изведе химната на Москва.