ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО ЗА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАТИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

ДЕНОТ НА СЕЌАВАЊЕТО ЗА РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗАГИНАТИ ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА

На 1 август во Прилеп, Амбасадата на Руската Федерација и општина Прилеп со полагање на цвеќиња на споменикот на руските војници загинати во Првата свестка војна на Германските гробишта и панихида го одбележија 1 август, Денот на сеќавањето за сите загинати руски војници од Првата светска војна. Освен од делегациите на Амбасадата и општината предводени од Амбасадор Сергеј Баздникин, Воено и воено-воздухопловно аташе Сергеј Стрижко и Градоначалник Илија Јованоски, цвеќиња положија и претставници од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, од компаниjата «ЛУКОJЛ», од Сојузот на Здруженија за Македонско-руското пријателство во Македонија, од Сојузот на борци, од Славјанскиот Универзитет.