Ден на жалост во Русија

Ден на жалост во Русија

Деншниот ден, по повод несреќата во која 92 луѓе ги загубија животите, е прогласен за ден на жалост во Русија. Претседателот Владимир Путин изрази сочувство до семејствата на жртвите и вети целосна истрага.


Авионот Ту-154, кој требаше да лета за сирискиот град Латакија каде воениот ансамбл „Александров“ требаше да одржи концерт за руските војници на служба во таа база, се урна во водите на Црното непосредно по полетувањето од аеродромот во Сочи.


Над 60 лица од вкупно загинатите беа членови на воениот ансамбл „Александров“. Меѓу патниците беа и началникот на културниот оддел при военото министерство Антон Губанков, како и популарната руска хуманистка и филантроп Елизавета Глинка, позната како „доктор Лиза” која истовремено вршеше функција советник на Путин.
Почесниот конзул на Руската Федерација во Р.Македонија во  градот Битола, г-дин Сергеј Самсоненко, по тој повод изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите од несреќата на рускиот авион.


Во просториите на почесниот конзулат, на 26 и 27 декември 2016 година, од 10.00 до 13.00 и од 15.00 до 17.00 часот, ќе виде отворена книга на жалост во која граѓаните на Република Македонија ќе можат да се запишат во знак на почит кон загинатите и сочувство кон нивните најблиски.