ДЕН НА РУСКА ДИПЛОМАТИЈА

ДЕН НА РУСКА ДИПЛОМАТИЈА
На 8 февруари 2019 година во Битола Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола организираа свечености по повод Денот на руската дипломатија. Според повеќегодишната традиција централниот настан беше церемонија на положување свежо цвеќе на споменикот „Руски крст“, изграден во спомен на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој бил убиен од Османлискиот војник во 1903 година. Покрај дипломатите на Амбасадата на РФ, Почесниот конзулат на РФ во Битола и Почесниот конзул на РФ во Охрид Г-дин Велимир Стојковски, како и руските сонародници и членови на здруженијата за руско-македонското пријателство во настанот учествуваа делегацијата на Министерството за Надворешни работи на Република Македонија, Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, почесни конзули на други земји, раководители на руските компании кои работат во Македонија, како и македонски бизнисмени.