КОЛУМНА НА АТАШЕ ВО АМБАСАДАТА, г-дин МИХАИЛ ЛУШИН, ОБЈАВЕНА ВО "НОВА МАКЕДОНИЈА", 21.02.2017

КОЛУМНА НА АТАШЕ ВО АМБАСАДАТА, г-дин МИХАИЛ ЛУШИН, ОБЈАВЕНА ВО "НОВА МАКЕДОНИЈА", 21.02.2017

ЗА ИЗМИСЛЕНИ И ВИСТИНСКИ ПОДМЕТНУВАЧИ НА ВОЈНАТА

Со длабока разочараност ја прочитав колумната “Бомбардирањето на Авдијивка – воено злосторство на Москва” објавена во весникот “Нова Македонија” и потпишана од привремениот вршител на работите на Украина во Македонија, г-н Ростислав Палагусинец. Се создава впечаток дека во Киев толку се занесоа во пропагандата и создавањето на митови што самите веруваат во создадените фејкови. За жал таквите психолошки девијации сега не се ретка појава, иако понекогаш те изненадува бурната фантазија на авторот.

Спомнатата колумна само ја потврдува оваа жална дијагноза. Текстот ги содржи истите русофобски страшни приказни за мали деца кои се повторуваат од година в година, а и отворени лаги за “инвазија на руските окупаторски трупи” во Украина и за “сепаратистите кои си бомбардираат самите себе”. Во условите на оваа голема лага веќе не се изненадување ситни инсинуации какви што се приказни во кои повикувајќи се на веб-страната “Белингкет” се вели за “злосторници-бунтовници” кои за време на бомбрадирањето на позициите на Воорожените сили на Украина (ВСУ), наводно користеле цивили од Донецк како “жив штит”. Патем кажано на истата веб-страна се објавени информации за тенкови, оклопни возила и артилерија на ВСУ распоредени непосредно во станбените реоните на Авдеевка. Но украинскиот дипломат овие информации, се разбира, ги премолчува. Како поинаку? Производството на фејкови и премолчувањето на вистината се главни методи на информационата политика на сегашната Украина од времињата на државниот удар извршен во Киев на 21 февруари 2014 година. 

Народите на Украина скапо платија за презирот кон Уставот на земјата, кон нејзините закони и кон граѓаните кои "мајдан" ги пројави пред три години. Општеството се подели по идеолошки и национален признак, а насилството на фашистичкиот режим во Киев против несогласните доведе до жестока граѓанска војна на југо-истокот на земјата, војна која веќе одзеде десетици илјади човечки животи.

Судејќи според колумната на нашиот украински колега, за жал неопходни лекции од таа трагедија не беа научени. Нихилистичкиот однос на украинските власти кон правото, кон своите ветувања јасно се гледа од односот на Киев кон исполнување на "минските договори" кои истиот ги потпиша пред две години и кои според заедничкото мислење на меѓународната заедница претставуваат безалтернативен начин на престанок на граѓанската војна на југо-истокот. Ќе потсетам дека согласно "Минск-2" Украина се превзема конкретни обврски од воен, дипломатски, политички и социјално-економски карактер (за разлика од Русија која “ги игнорирала Минските договори”, Русија која воопшто не фигурира во текстот на договорите бидејќи не е страна на конфликтот), кои Киев треба да ги исполни во строг континуитет. И што натаму? Украинската страна засега не исполни ниту енда од 13 одредби на “Минск -2”, а во моментов и воопшто се обидува самиот договор да го стави под сомнеж.  Украинските власти ја продолжуваат финансиската, економска и транспортна блокадата на Донецк и на Луганск. Во прекин се снабдувањето на двата региона со гас, железнички и авиа сообраќај, се блокираат испораки на вода и струја, лекови, прехранбени прозиводи, не се исплаќаат пензиите и надоместоци. Сето тоа грубо ги крши Минските договори и во суштина претставува геноцид на жителите на горенаведените региони кои киевскиот режим ги смета за државјани на Украина. Згора на тоа во изминатите месеци армијата на Украина во која служат и нацисти, и странски платеници пак обнови големи борбени дејствија во реоните на Донецк и на Авдеевка, како и источно од Мариупољ. Фактот на офанзивата, а со другите зборови, на уште едно кршење на "Минск-2" јавно го призна заменик-министерот за одбрана на Украина Игор Павловски. Од 26 јануари ВСУ продолжуваа масовни ноќни бомбардирања на густо населените градови на Донбас со употреба на реактивна артилерија и на артелириски топови, како и на тактички ракетни комплекси “Точка-У”. Употребата во град на таквите вооружувања кои поседуваат огромна разрушувачка сила и се забранети со меѓународни конвенции чиј учесник е и Украина, јасно сведочи за стремежот на Киев да ги уништи социјално-економската и транспортната инфраструктура на Донбас, како и тотално да го сотре неговото население. Во варварските бомбардирања секој ден гинат луѓе, меѓу кои се старци, жени и деца.  Во периодот од 27 јануари до 20 февруари во артилериските напади на ВСУ врз Донецк, Макеевка и многу други населени места беа уништени десетици куќи, училишта, детски градинки, студентски домови, кампови за бегалци, складишта со прехранбени производи и продавници. Само во текот на еден ден, 19 февруари, украинската армија повеќе од две и пол илјади пати го бомбардираше Донбас со тешка артилерија и минофрлалчи. Поради бомбардирањата на ВСУ, на 31 јануари во рудникот “Засјадко” под земјата беа блокирани околу 200 рудари, а на 14 февруари се случи експлозија на Донецката хемиска фабрика што доведе до човечки жртви. Во Донецк при бомбардирањето беше погодено амбулантно визло. Тројца медицински работници беа повредени. На територијата на Донбас се праќаат украински “диверзантско-разузнавачки” групи кои таму извршуваат жестоки убиства и терористички напади. Поголемиот дел од овие дејствија кои може да се толкуваат само како воени злосторства се фиксирани во извештаи на Специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ.

Сето тоа лудило сведочи само за едното, режимот на Порошенко не сака да ги исполнува “минските договори” и има цел воено да го задуши Донбас чие население востана против државниот удар. Таквите познати во Киев политичари какви што се  Андреј Парубиј и Јуриј Луценко отворено го кажуваат тоа и се закануваат со употреба на хрватското искуството на “реинтеграцијата” на Српска Краина во однос на жителите на Донбас. Сите добро ги памтиме неговите страшни резултати. Акциите “Олуја” и “Блесак” Република Српска Краина со нејзините 500 илјади граѓани ја претворија во урнатини, загинаа и исчезнаа не помалку од 2 илјади цивили, а околу 230 илјади станаа бегалци. Замислете каква хуманитарна катастрофа може да се случи доколку “хрватскиот модел” биде искористен во Донецк и Луганск каде вкупно живеат повеќе од 4 милиони луѓе. Но милитантната киевска врхушка која е виновна за смрта на десетици илјади луѓе, точно не се грижи колку уште животи на државјаните на Украина ќе голтне пламенот на граѓанската војна која истата врхушка ја започна. За актуелната политичка елита на Украина војната е добар инструмент кој овозможува да се збогатува со воени испораки, да тероризира неистомисленици, да ја загрева атмосферата на хистеријата и да го одвлекува вниманието од повампирување на корупцијата, опљачкање на земјата, осиромаштување на обичните граѓани, да просјачи нови кредити кај западните покровители. Со еден збор, војната е последен шанс да ја зачува власта.

Дали овие криминални “игри на патриоти” им се потребни на обичните граѓани на Украина? Истражување на јавно мислење на Киевскиот меѓународен институт за социјалогија спореведено во декември 2016 година покажува дека 65% од жителите на Украина сметаат дека Владата на Порошенко е виновна за продолжување на братоубиствената војна во Донбас. Очигледно е дека тоа е одговор на прашањето кој навистина го разгорува овој крвав масакар.