КОМЕНТАР НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПЕЧАТ ВО МНР НА РУСИЈА ПО ПОВОД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА

КОМЕНТАР НА ДЕПАРТМАНОТ ЗА ИНФОРМАЦИЈА И ПЕЧАТ ВО МНР НА РУСИЈА ПО ПОВОД ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Со задоволство истакнуваме дека вонредните парламентарни избори одржани во Република Македонија на 11 декември 2016 година и покрај крајно тензична внатрешнополитичка ситуација се одржаа во мирна атмосфера. Меѓународните набљудувачи меѓу кои беше и група руски претставници, не утврдија битни нарушувања на универзално признаените стандарди.

Според резултатите ниту една од партиите кои учествуваа во изборите не успеа да освои апсолутно мнозинство. Ги повикуваме сите политички сили во земјата да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат во рамките на Уставот, да не дозволуваат да се врши контрапродуктивно надворешно влијание врз процесот на формирање на новата влада. Поаѓаме од тоа дека македонските политичари се свесни за степенот на нивната одговорност за зачувување на стабилноста и на меѓуетничкиот соживот во Македонија кои претставуваат задолжителен елемент на мирот во целиот балкански регион.

Се надеваме дека надворешнополитичките приоритети на новата влада на Република Македонија ќе бидат избалансирани, ориентирани на зацврстување на мирот и на безбедноста на европскиот континент.