КОНКУРС ЗА БЕСПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РУСИЈА

КОНКУРС ЗА БЕСПЛАТНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО РУСИЈА
Конкурс за бесплатно образование во рамките на државната квота во најдобрите високообразовни и средни стручни образовни установи на Руската Федерација.

Бесплатното образование е достапно на следните нивоа:

средно стручно образование;прв циклус, додипломски студии („бакалауреат“);
втор циклус, постдипломски студии („магистратура“);
трет циклус, докторски студии („аспирантура“);
„специјалитет“ (прв циклус + втор циклус: интегрирано образование во тек на 5–6 години за некои насоки, обично за медицински);
„ординатура“ (постдипломски студии за медицински насоки, Residency);
дополнително стручно образование (напредни курсеви за обука во разни области).
За кандидатите кои не зборуваат руски се обезбедува годишната обука на подготвителниот факултет (бесплатно).

Кандидатите коишто успешно го поминаа натпреварот (интервју), ќе добијат право да студираа во еден од шест универзитети наведени во неговиот прашалник. Бесплатно ќе биде само школување и виза за влез во Русија. Останатите трошоци (патување, сместување, оброци, патничко/здравствено осигурување, трошоци за живот итн.) ги плаќаат самите граѓани.

За да учествувате во натпреварот, мора да се регистрирате на порталот https://russia.study/, целосно да го пополните прашалникот и да ги поставите сите потребни документи (оригиналите на македонски јазик и нивниот официјално заверен превод на руски јазик). Целосното досие треба да биде готово до 1 февруари 2019 година.

Документи кои треба да бидат поставени во Russia.Study:

1. Целосно пополнет прашалник;

2. Копија на пасошот (ако имате руско државјанство – исто така копија од рускиот пасош). Пасошот мора да има важност од најмалку 18 месеци од очекуваниот датум на влез во Русија.

3. Копии од образовни сертификати. Учениците мора да ги обезбедат сертификати за последните 4 години на студирање во средна школа.

4. Медицински сертификат за отсуство на контраиндикации за студирање во Русија;

5. Медицински сертификат за отсуство на вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот (ХИВ) и болест СИДА;

6. Само за постдипломски студии: листа на објавени научни трудови и реферат на теми релевантни за избраното поле на студирање.

Документите кои ги потврдуваат личните достигнувања на кандидатот (дипломи, награди, итн.) исто така можете да поставите во системот („Други документи“). Ова е по вашиот избор, но може да ги зголеми шансите за добивање место на подобар универзитет.

Сите документи мора да бидат официјално преведени на руски јазик. И македонските документи и нивните преведени копии треба да бидат поставени во системот.

Ако биде потребно, Министерството за наука и високо образование на Руската Федерација ќе побара дополнителни документи од кандидатите. 

Сајт за апликации: https://russia.study/.

За какви било прашања контактирајте го претставништвото на Россотрудничество во Република Македонија преку електронска пошта: macedonia@rs.gov.ru.