МАСЛЕНИЦА

МАСЛЕНИЦА

Масленица, неделата во која се одбележува крајот на зимата и која е исполнета со веселба, семејни обичаи од секаков вид, како и вкусните палачинки кои го симболизираат сонцето и понатаму е омилениот празник во современа Русија. Оваа година Масленица започнува на 12 февруари. Палачинките се главното јадење и претставуваат симбол на Масленицата. Во Неделата на палачинки и Масленица, од 12-ти до 16-ти февруари ве покануваме во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола заедно да ја прославиме Масленица со руски палачинки.