Масленица во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола

Масленица во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола
Да ја прославиме заедно Масленица - најстариот руски народен празник со кој се испраќа зимата и се дочекува пролетта. 

Историјата на настанувањето на Масленица има длабоки корени. Се работи за стар словенски празник кој доаѓа од многубожната култура и се зачувал и по прифаќањето на Христијанството. Се смета дека на почетокот таа била врзана со денот на пролетната краткодневица, но со прифаќање на Христијанството станала претходник на Големиот Велигденски пост. Според православниот календар, одбележувањето на Масленица почнува 56 дена пред Велигден. Оваа година, Неделата на Масленица се празнува од 20-ти до 26-ти февруари.

Основен симбол на Масленица се палачинките затоа што со нивната форма многу потсетуваат на летното сонце. Во Неделата на палачинки и Масленица, од 20-ти до 26-ти февруари ве покануваме во Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола заедно да ја прославиме Масленица со руски палачинки.