НА 18ТИ ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ „АМБАСАДА НА МАЈСТОРСТВО“ ВО БИТОЛА

НА 18ТИ ОКТОМВРИ ЌЕ СЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ „АМБАСАДА НА МАЈСТОРСТВО“ ВО БИТОЛА
Во среда ќе се одржи концерт „Амбасада на мајсторство“ во Битола

На 18 октомври (среда) во 19:00 часот во Центарот за култура во Битола ќе настапат Данила Ефремов (кларинет) и Иван Калатај (пијано) од Новосибирск. Концертот ќе се одржи во рамките на „Амбасада на мајсторство“ - заеднички проект на Домот на музиката во Санкт Петербург и Россотрудничество. 

„Амбасада на мајсторство“ се одржува од 2012 година и вклучува патување на младите солисти од Рускиот центар за наука и култура, во странски држави. Во првата половина од 2017 година се одржани 49 концерти во 25 земји. Минатата сезона 2015/2016 за Домот на музиката беше јубилејна. На 3 февруари 2016 година се одбележа 10 годинишнина од основањето. Санкт-Петерсбурскиот Дом на музиката е основан по иницијатива на Министерството за Култура на Руската Федерација. Главна задача е развој на класичната музичка уметност, зачувување на традиционалните изведувања(перформанси) и подготовка(обука) на млади руски музичари за на меѓународни натпревари и фестивали. Особено внимание се посветува на студенти и дипломци на конзерваторијата на возраст од 16 до 30 години – солисти на оркестарска специјалност.

Данила Ефремов и Иван Калатај во среда ќе изведат дела од Стравински, Танеев, Гречанинов, Розенблат, Рахманинов, Сабитов, Шопен. Помош во организацијата на настанот обезбедуваат Руската амбасада во Македонија и Почесниот конзулат на Русија во Битола.

Влезот е слободен.