НАСТАН КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ - „ЕДЕН ДЕН НА ВОЈНАТА“

НАСТАН КОЈ ВРЕДИ ДА СЕ ПОГЛЕДНЕ - „ЕДЕН ДЕН НА ВОЈНАТА“
Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и Почесниот руски конзулат во Битола Ве покануваат на концерт кој е дел од низата настани за одбележување на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот. Концертот „Еден ден на војната“ ќе се одржи во Битола на 7-ми мај во 19:30 часот на Широк Сокак. 

На концертот ќе настапат членови од здруженијата „Озарение“, „Чајка“ и „Славјанка“, како и учесници од „Романсијада“. Ќе имате можност да уживате во вокалните изведби на Александра и Стефанија Арсовски, рецитација на Гордица Величковска, а Ана Кондратенко на виолина и Викторија Митевска на клавир ќе настапат со музика од филмот „Шиндлерова листа“.

На сцената на Широк Сокак во Битола ќе ја видиме и Викторија Лоба, како и театарскиот перформанс на Катина Иванова, Дарја Ризова и Благој Веселинов во режија на Нина Николиќ. Дел од овој настан е и здружението „Русичи“ кои се задолжени за изработка на симболот за Денот на победата, Георгиевската лентичка. Водител на концертот ќе биде м-р Елена Силјаноска.

9 Мај е денот кога во многу земји во светот, особено во оние кои биле во состав на антихитлеровата коалиција, се слави Денот на победата над фашизмот. Изминатите две години овој ден се прославуваше пред хотел Русиjа, за прв пат оваа година се случува во Битола. Да им оддадеме почит на хероите заслужни за денешна слободна Европа.