Нова година Во Почесниот конзулат во Битола

Нова година Во Почесниот конзулат во Битола

Во Почесниот конзулат во Битола преку Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија се одржа веќе традиционалното делење на новогодишни пакетчиња за децата на сонародниците по повод Новата година и Божиќ.
Во делењето на пакетчињата учествуваа 13 деца на сонародниците од Битолскиот конзулски округ.
Во Почесниот конзулат во Битола пакетчињата ги делеше омилениот Дедо Мраз.
Почесниот конзул на Русија во Битола, г-дин Сергеј Самсоненко на сите сонародници и граѓани на Република Македонија им ја честита новата година и божиќните празници.