ВО СКОПЈЕ ИМ ДОДЕЛИЈА СЕРТИФИКАТИ НА КУРСИСТИТЕ ОД ПРВИОТ ТУРНУС НА БЕСПЛАТНИТЕ ЧАСОВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК

ВО СКОПЈЕ ИМ ДОДЕЛИЈА СЕРТИФИКАТИ НА КУРСИСТИТЕ ОД ПРВИОТ ТУРНУС НА БЕСПЛАТНИТЕ ЧАСОВИ ПО РУСКИ ЈАЗИК

На 17 февруари во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје (УКиМ) се одржа свечена церемонија на доделување сертификати на курсистите од првиот турнус на бесплатните курсеви по руски јазик што ги организира Рускиот центар при УКиМ. Педесет курсисти добија сертификати за познавање на почетното ниво на руски јазик. На курсистите со честитки им се обратија Амбасадорот на Русија во Македонија, г-дин Олег Шчербак, Рекоторот на УКиМ, проф. д-р Никола Јанкиловски и Директорот на Рускиот центар при УКиМ, проф. д-р Велимир Стојковски.

Амбасадорот во својот поздравен говор истакна дека благодарение на знењата стекнати на часовите на тримесечните курсеви пред курсистите се отворија "квалитетно нови можности за развој на личноста, за подобро запознавање на духовното богатство и на повеќевековната култура на Русија". Шефот на руското претставништво уште еднаш ја потврди намерата на Амбасадата да продолжува со сестраната подршка на курсевите, како и изрази надеж дека знаењето на руски јазик на присутните млади ќе им помогне во кариерата и во животот, а самите они нема да застанат на постигнатото и ќе продолжат да ги усовршуваат своите јазични вештини.