ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БРАНИТЕЛИ НА ТАТКОВИНАТА, 26 ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА, СКОПЈЕ

ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ НА РУСИЈА СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА БРАНИТЕЛИ НА ТАТКОВИНАТА, 26 ФЕВРУАРИ 2019 ГОДИНА, СКОПЈЕ
Почитувани дами и господа,

Драги пријатели,

Срдечно ве поздравувам сите што дојдовте денес да го споделите со нас еден од најомилените празници во нашата земја – Денот на бранители на Татковината. Настанат пред многу децении, овој ден постепено прерасна во вистински национален празник посветен на сите бранители на нашата татковина, без оглед на тоа дали припаѓаат или не, кон Вооружените сили.

Русија води позитивна, конструктивна надворешна политика насочена кон унапредување на соработката меѓу државите. Нашите приоритети се апсолутно јасни, а тоа се зајакнување на довербата, борба против заедничките закани кои го загрозуваат целиот свет, проширување на соработката во различни области, отстранување на бариерите за комуникација меѓу луѓето.

Не сме заинтересирани за дестабилизација на меѓународната ситуација, не посакуваме екскалација на истата, ниту конфронтација со некого. Меѓутоа, неодговорни постапки на тие што не сакаат да ја прифатат реалноста на новиот полицентричен модел на светскиот поредок кој во моментов се формира, создаваат нови ризици и предизвици.

Во овие услови, обезбедувањето на силна безбедност на нашата земја и на нејзините граѓани, заштитата на нашите национални интереси останува непроменлив и безусловен приоритет. Треба да се знае дека Русија никому не му се заканува, а сите наши дејствија во сферата на безбедност се исклучиво реципрочни, што значи – одбрамбени.

Отворени сме за рамноправна соработка со сите држави кои се подготвени чесно да соработуваат, да наоѓаат заеднички решенија за најкомплицираните прашања, вклучително и со цел создавање на сеопфатен систем на единствена и неделива безбедност.

Се разбира, високо го цениме дијалогот со македонските партнери. За разлика од повеќето наши западни колеги, ние не се мешаме во внатрешните работи на Македонија. Така ќе биде и понатаму. Подготвени сме за унапредување на заемно полезната и рамноправна соработка – толку активна и интензивна колку за тоа ќе биде подготвена самата македонска страна.

Ви благодарaм за вниманието. Го поканувам Военото и воено-воздухопловно аташе при Амбасадата, полковник С.А.Стрижко да ви се обрати.