ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН НА КОМЕМОРАТИВНИОТ НАСТАН ПО ПОВОД 9 МАЈ, СКОПЈЕ, 2022 ГОДИНА

ОБРАЌАЊЕ НА АМБАСАДОРОТ СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН НА КОМЕМОРАТИВНИОТ НАСТАН ПО ПОВОД 9 МАЈ, СКОПЈЕ, 2022 ГОДИНА
Почитуван господине Иван Стоилковиќ (пратеник на Собранието на РСМ, Претседател на Демократската партија на Србите во Македонија),

Ваши Екселенции, колеги од дипломатскиот кор,

Почитуван господине Сергеј Самсоненко,

Почитуван професоре д-ре Велимир Стојковски,

Починуван господине Андреj Куку,

Почитувани дами и господа, драги пријатели,

Пред сѐ, би сакал да им се заблагодарам на сите присутни што одговоривте на нашата покана да положиме цвеќе денес, на 9 мај, кон спомен-обележјето, кое треба да го симболизира единството на народите од антихитлеровата коалиција што ја ослободи Европа од нацистите и нивните соучесници. Да ве потсетам дека заедно со господинот Богдановиќ, тогашниот градоначалник на општина Центар, – кој денес е со нас – мило ми е што Ве гледам овде, – свечено го отворивме пред две години – на денот на 75-годишнината на Големата Победа.

За жал, воjна со споменици прошири и на македонското тло. Тие кои одговорни за ова сквернавење не се нешто повеќе од кукавици зашто работиjа во текот на ноќта. Се надевам дека надлежните органи, вклучуваjќи и полициjа, ќе пронаjдат злосторници на ова недело и тие ќе бидат казнени соодветно.

Добро разбирам дека во сегашните услови – кои очигледно не се лесни – услови, самото присуство на настанот организиран од Руската Амбасада сведочи за одредена храброст. Со особено задоволство забележувам дека и нашите сонародници, и македонските граѓани се, во оваа смисла, достојни наследници на нашите предци, кои херојски војуваа во редовите на вооружените сили на земјите во антихитлеровата коалиција, храбро се бореа во партизанските одреди, самопрегорно даваа отпор на напаѓачи на окупираните територии или во бессони ноќи ја ковеа Победата во заднината.

Никогаш нема да го заборавиме нивниот неспоредлив подвиг. Од колено на колено ќе ја пренесуваме вистината – и ништо друго освен вистината – за таа страшна војна, во која беше поразена најсуровата насочена против човек идеологија – идеологијата на нацизмот.

Неизмерна е цената што секој требаше да ја плати за Победата во мај 1945 година. Но, мислам дека е очигледно дека токму Советскиот Сојуз – и неговиот мултинационален народ – го понесоа основниот дел од товарот на борбата, претрпеа најголеми жртви и загуби, дадоа одлучувачки придонес во поразот на нацистичката Германија и нејзините сојузници. Затоа, за нас овој празник, како што пеат во песна позната во нашата земја, – е празник «со солзи во очите».

Свето го почитуваме подвигот на хероите во народноослободителната борба во Македонија – повеќе од 24 илјади животи на македонските партизани беа дадени за Победата – секој четврти од над сто илјади учесници во народноослободително движење. Свесни сме за вековечно значење на антифашизмот за формирањето на современата македонска држава.

Ја наведнуваме главата пред сеќавањето на паднатите и заминатите!

Голем поклон и бескрајна благодарност до живите херои!

Денес, кога руските војници повторно, како и пред осум децении, треба да се борат со оружје во рацете против нацизмот што се вкорени на украинската земја, празникот 9 мај за нас е исполнет со посебно значење. Затоа на ослободените територии се подигнува Знамето на Победата – знамето што некогаш беше подигнато над Рајхстагот во Берлин.

Обвинети сме за агресија. Нагласувам – неосновано. Ние не сме агресори, туку ослободувачи. Велат дека ние наводно водиме кампањи за дезинформации и воена пропаганда – тоа исто така не одговара на вистинската состојба на работите: ние не се занимаваме со ширење на „фејкови“, туку користиме само факти и проверени информации. Се обидуваат да ја „откажат“ руската култура, наука, спорт – таквите напори не само што не им оддаваат почит на нивните иницијатори, туку се апсолутно бесперспективни.

Но никој не треба да има илузии – Русија секогаш сигурно ќе ја обезбедува својата безбедност, ќе молскавично реагира на какви било закани, ефикасно ќе ги брани своите легитимни интереси и доследно ќе ги штити правата на своите граѓани и сонародници. Никакви санкции или притисок не можат да влијаат на нашата решеност да ја браниме слободата, независноста, суверенитетот – нашиот и на нашите сојузници. Ги имаме сите можности за ова. Повеќепати отворено и недвосмислено зборувавме за ова – би сакале конечно да бидеме слушнати.

Добро знаеме дека силата е во вистината. А вистината – и, забележуваме, Господ Бог – се на нашата страна. Затоа победата ќе биде наша.

Искрено им го честитам на сите празникот – Денот на Големата Победа!

Вечна им памет на паднатите, вечна им слава на живите херои!