ОСНОВНИ ДАТУМИ ВО НАЈНОВАТА ИСТОРИЈА НА РУСКО-МАКЕДОНСКИТЕ ОДНОСИ

4 август 1992 година            
Претседателот на Руската Федерација го потпиша Указот, со кој   Република Македонија се признава како суверена независна држава, под нејзиното уставно име.

31 јануари 1994 година     
Руската Федерација и Република Македонија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. Соодветна спогодба беше склучена со размена на ноти меѓу двете Министерства за надворешни работи.

6 октомври 1994 година 
Владата на Руската Федерација донесе Одлука за трансформирање на Претставништвото на Русија во Скопје, во Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

27 јануари 1998 година         
Претседателите на Руската Федерација и на Република Македонија, во Москва, ја потпишаа Декларацијата за пријателство и соработка меѓу двете земји.

22 мај 2002 година                 
Во Битола беше свечено отворен Почесен конзулат на Руската Федерација.