Отворена книга на жалост по повод трагичната смрт на Рускиот Амбасадор во Турција, Г-дин Андреј Карлов

Отворена книга на жалост по повод трагичната смрт на Рускиот Амбасадор во Турција, Г-дин Андреј Карлов

По повод трагичната смрт на вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов, кој беше убиен во терористички напад во Анкара,  на 22 и 23 декември во просториите на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола ќе биде отворена Книга на жалост.


Почесниот руски конзул во Битола, г-дин Сергеј Самсоненко, длабоко сочувствува со семејството на Амбасадорот Андреј Карлов и неговите пријатели и колеги.


Сите граѓани кои сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа во четврток и петок од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот.