ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНА КОМЕМОРАТИВНА ЦЕРЕМОНИЈА, БИТОЛА, 10 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА

ПО ПОВОД ДЕНОТ НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА СЕ ОДРЖА ТРАДИЦИОНАЛНА КОМЕМОРАТИВНА ЦЕРЕМОНИЈА, БИТОЛА, 10 ФЕВРУАРИ 2021 ГОДИНА
На 10 февруари, по повод Денот на руската дипломатија се одржа традиционална комеморативна церемонија со положување цвеќе ќон споменикот “Рускиот крст” во Битола. Споменикот беше воздигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски, кој го дал својот живот, исполнувајќи ја својата службена должност и бранејќи го христијанското население на Македонија. Во церемонијата покрај Амбасадорот Сергеј Баздникин и Воено и воено-воздухопловно аташе Андреј Гугњаев зедоа учество Градоначалничка Наташа Петровска заедно со делегацијата на Советот на Општината, Почесниот конзул на Русија во Охрид, Велимир Стојковски, претставници на Рускиот почесен конзулат во Битола, компанијата Лукоил, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, како и на Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство.