ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ КОН МЕМОРИЈАЛНИОТ СПОМЕНИК „МАТКА”, СКОПЈЕ, 9 МАЈ 2021 ГОДИНА

ПОЛАГАЊЕ ЦВЕЌЕ КОН МЕМОРИЈАЛНИОТ СПОМЕНИК „МАТКА”, СКОПЈЕ, 9 МАЈ 2021 ГОДИНА
По повод 76 години од Големата Победа, делегацијата на Амбасдата на чело со Амбасадор Сергеј Баздникин и Воено и воено-воздухопловно аташе Андреј Гугњаев, заедно со Почесните конзули на Русија во Битола и Охрид, Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, како и преставниците на ЛУКОИЛ Македонија, со полагање цвеќе кон меморијалниот споменик „Матка” им оддадоа почит на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои загинаа во одбрана на браната „Матка” на 12 и 13 ноември 1944 година, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици од рушењето на браната.