ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ КОН СПОМЕНИКОТ НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКА, СКОПЈЕ, 12 АПРИЛ 2022 ГОДИНА

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЦИ КОН СПОМЕНИКОТ НА ЈУРИЈ ГАГАРИН ПО ПОВОД ДЕНОТ НА КОСМОНАУТИКА, СКОПЈЕ, 12 АПРИЛ 2022 ГОДИНА
На 12 април 2022 година, во Скопје, по повод Денот на космонаутиката - 61-годишнината од првиот лет на човекот во вселената - се одржа церемонијата на положување венци кон споменикот на Јуриј Гагарин. Амбасадата на Русија ја претставуваше делегацијата предводена од Амбасадорот Сергеј Баздникин. На настанот присуствуваа Амбасадорот на Кина Џанг Зуо, Амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, претставник на Амбасадата на Србија, Почесните конзули на Русија во Битола и Охрид Сергеј Самсоненко и Велимир Стојковски, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ, извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев, вработени во компанијата „Лукоил“, делегација од општина Карпош, претставници на Рускиот центар при УКиМ, сонародници.