ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО ПРИСУСТВУВАШЕ НА СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ НА УЛИЦАТА 9-ТИ МАЈ

ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО ПРИСУСТВУВАШЕ НА СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ НА УЛИЦАТА 9-ТИ МАЈ

По повод на 75-годишнината на Големата победа на улицата 9 мај во Скопје свечено беше отворено спомен-обележје за да се овековечи сеќавање на борци на антихитлеровата коалиција. Амбасадорот Сергеј Баздникин во своето обраќање кон присутни, меѓу кои се градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, Српската амбасадорка, Душанка Дивјак-Томиќ, Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, Сергеј Самсоненко, претставници на ЛУКОИЛ Македонија, руските сонародници и медиумите, истакна:


“Денес учествуваме во историски настан – отворањето на спомен-обележје на улицата “9 Мај” во Скопје по повод на 75-годишнината од Големата Победа.
9 мај е денот кога беше поразена нацистичката Германија, стана преломен момент не само за ХХ век, туку и за целата светска историја. И покрај тоа што до крајот на Втората светска војна остануваа уште неколку месеци, токму тогаш – пролетта 1945 година – народите на Европа, кои беа поминале низ години на тешки искушенија, доживеале болка и горчливи загуби, се почувствуваа слободни од фашистичката чума, свесни дека непријателот е уништен, а доживеаниот ужас повеќе никогаш нема да се повтори.
Слободата беше платена со огромна цена – десетици милиони луѓе дадоа свои животи: војниците загинати на бојното поле, хероите на партизанското движење, цивилите кои станаа жртви на невиден терор и злосторства од страна на окупаторот. Многу милиони луѓе останаа инвалиди, загубија свои роднини и блиски, останаа без покрив над главата. Трагедијата на воените години не одмина, чинам, ниту едно семејство.


Оваа трагедија ги обединува Русите и Македонците, заедно со другите народи директно засегнати од настаните на тие години. Во секое руско село можете да најдете споменици со имињата на нејзините жители кои загинаа за време на Големата Татковинска војна. Исти такви споменици постојат и на македонско тло. Високо го цениме подвигот на Македонците кои му дадоа храбар отпор на окупаторот за време на народноослободителната борба во 1941-1945 година. Редовно им оддаваме почит на хероите кои почиваат во различни делови на земјава, меѓу кои има и наши сонародници.”