ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПАРТИЗАНИ СЕ ОДРЖА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ, 9 МАЈ 2019 ГОДИНА

ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ПАРТИЗАНИ СЕ ОДРЖА ЦЕРЕМОНИЈАТА НА ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ, 9 МАЈ 2019 ГОДИНА
Во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, одбележувајќи ја 74 годишнината од Победата над фашизмот, денес традиционално беше положено свежо цвеќе на меморијалниот споменик на „Матка”. Споменикот е подигнат во чест на храброста и пожртвуваноста на дванаестемина борци од 1-от Баталјон на 12-тата Скопска ударна бригада, меѓу кои беа еден русин и еден италијанец, кои на 12 и 13 ноември 1944 година храбро загинаа во одбрана на браната „Матка”. Тие ја одбранија „Матка”, а со тоа го одбранија и Скопје од катастрофалните последици кои можеше да ги има рушењето на оваа брана.
Пред присутните се обратија претставници на Организацијата на борците од НОВ.
На присутните исто така им се обрати Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. Сергеј Александрович Баздникин:

«Почитувани дами и господа,

Драги пријатели,

Срдечно ве поздравувам на комеморацијата по повод Денот на Победата - ова е празник кој отсекогаш бил, е и ќе остане најценетиот, најсветиот за секое семејство, за целата наша огромна земја, празник на национална гордост и вечна, бесмртна памет - како што велиме, празник со солзи во очите.

Пред се, им честитам на почитуваните ветерани, вклучувајќи ги и присутните денес овде хероите на националноослободителното движење на Македонија. Ние сите сме задолжени за вас. Голем ви поклон.

Овде, пред споменикот на загинатите партизани, му оддаваме почит на големиот подвиг на нашите предци кои се бореа во име за победата и нашата мирна иднина и за ова платија со своите животи.

Придонесот на Советскиот народ во Втората Светска Војна не може да се прецени. Нашите војници ги извојуваа големите победи во решавачките битки за Москва и Сталинград, во битките за Курск и Днепар, ја пробија опсадата на Ленинград, ги ослободија европските престолнини. Решително го зазедоа Берлин.

Како резултат на тоа, пред 74 години, со заедничките напори на сојузниците во антихитлеровата коалиција, нацизмот беше сломен, ставен е крај на неговите злосторства и варварство.

Нашата заедничка задача денес е да направиме сé да се спречи повторување на тажните лекции од минатото. Со таа цел, многу години нашата земја предлага во Генералното Собрание на ООН резолуција за борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот и други практики. На 73-та седница на Генералното Собрание резолуцијата беше поддржана од 129 држави. Се надеваме дека годинава и Република Македонија ќе се вброи меѓу земјите што ќе го поддржат овој важен и како никогаш досега актуелен, документ.

Уште еднаш, ви го честитам на сите присутни овој најсветиот и најрадосен празник.

Ви благодарам за вниманието.»

Покрај Амбасадорот Н.Е. С.А.Баздникин со делегацијата од Амбасадата и Почесните конзули на Русија во Охрид и Битола, цвеќе положија и делегации од Армијата на Република Северна Македонија, Министерството за надворешни работи, Советот на Град Скопје, градоначалникот на оштина Центар, претставници од Организацијата на борците од НОВ, амбасадори, воени аташеа од повеќе амбасади, претставници на Еврејската заедница, претставници на компаниите Лукоил и Газпром и бројни граѓани