ПРЕДАВАЊЕ ЗА СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ И САН ФРАНЦИСКИ

ПРЕДАВАЊЕ ЗА СВЕТИ ЈОВАН ШАНГАЈСКИ И САН ФРАНЦИСКИ

Во  просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет ,, Г.Р.Державин,,  во организација на Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола, Ана Комарова, кандидат доктор на науки, одржа предавање за Свети Јован Шангајски и Сан Франциски (1896-1966), чудотворец и голем подвижник од XX век и за неговата врска со Македонија и македонскиот народ. На настанот одржа предавање и  м-р Александар Гулевски со тема Ретроспектива на истражувањето на животот и делото на св.Јован Максимович (Битолски период 1972-1934). Многубројните гости се запознаа со многу интересни факти за животот и чудата на Свети Јован Шангајски, за неговата шест годишна работа во битолската богословија, а исто така и за неговата меѓународна дејност за спасување на своите парохјани и на сирачињата. Во православниот свет тој е познат уште и како Јован Битолски или Јован Босиот, поради тоа што тој не обрнувал посебно внимание на облеката и често одел бос. 


Светителот бил канонизиран во 1994 година, кога било откриено дека неговото дело и по 28 години од смртта останало нераспаднато.Пред споменикот Руски Крст во Битола беше положено цвеќе од страна на Ана Комарова, кандидат доктор на науки, претставник од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола и Претседателот на сојузот на здруженија за македонско руско пријателсто г-дин Драган Романски.