Почесниот конзул на РФ со честитки по повод Денот на независноста на РМ

Почесниот конзул на РФ со честитки по повод Денот на независноста на РМ

По повод одбележувањето на 8-ми септември, почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Самсоненко, на сите македонски граѓани им го честита Денот на независноста:

„ Во мое, но и во името на руските граѓани, ви го честитам 8-ми септември - Денот на независноста на Македонија. 
Овој ден е најзначаен датум во македонската историја, симболизирајќи ја одлуката на македонскиот народ да создаде самостојна и независна држава. Изразувам длабока почит на одлучноста за создавање суверена и рамноправна Македонија за сите народности кои живеат во неа. Посакувам траен мир, просперитет, меѓусебна доверба и соживот. 

Со срдечен поздрав и желба за социјален, економски и политички напредок, уште еднаш ви го честитам Денот на независноста на Македонија.“