Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола,на сите граѓани во Р.М им го честита 11 Октомври – Ден на Македонското востание

Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола,на сите граѓани во Р.М им го честита 11 Октомври – Ден на Македонското востание

Почесниот конзул на Руската Федерација во Битола, г-дин Сергеј Самсоненко, на сите граѓани во Република Македонија им го честита 11 Октомври – Ден на Македонското востание:

„Историските и традиционални врски се потврда за новите вредности на патот на создавање и градење модерна држава. Тогашното востание против фашизмот и херојската народноослободителна борба на македонскиот народ имаат историско значење во зачувување на државниот суверенитет и националната самобитност. Долгогодишната борба на Македонците за национална слобода и обединување била многу важна за толку посакуваниот светски мир. 

Ги поздравувам напорите на Македонија што и денес работи конструктивно за стабилизација на регионот. Се радувам на зајакнувањето на нејзината улога како сила за мир и напредок. Воедно сум горд на долгогодишното пријателство и партнерство помеѓу Русија и Македонија кое се темели на традиционални вредности и духовна блискост, а Руската Федерација ќе остане посветена во помагањето на Македонија за јакнење на демократијата, владеење на правото и економски просперитет. 

На сите граѓани на Република Македонија им посакувам мирна и успешна иднина. Во мое и во името на руските граѓани ви го честитам 11 Октомври – Ден на Македонското востание со кое извојувавте победа над фашистичките окупатори и нивните домашни помагатели во борбата за слобода и национално достоинство.“

Со почит,

Сергеј Самсоненко