Почесниот руски конзул ќе гради Тениски спортски центар во општина Аеродром

Почесниот руски конзул ќе гради Тениски спортски центар во општина Аеродром
Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, г-дин Сергеј Самсоненко со нова инвестиција во тенисот. По терк на рускиот и германскиот „Tennispark“, „Теннис Парк – Скопје ќе гради нови тениски игралишта. Ова беше денеска соопштено во Кабинетот на градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски. Таму се одржа прес-конференција на која беше објавено дека е потпишан Договор за изградба на Тениски центар покрај кејот на реката Вардар преку јавно приватно партнерство помеѓу општината и  „Теннис Парк - Скопје“. 

Новите тениски терени треба да се изградат според високи меѓународни стандарди, со цел тие да можат да се користат за организирање државни и меѓународни професионални натпревари.

“Модерниот тениски спортски центар ќе располага со четири тениски терени на тврда и четири на земјена подлога, како и со други компатибилни содржини. Инвестицијата ќе чини над 2 милиона евра” изјави Проект менаџерот на Рускиот конзул во Република Македонија, Г-дин. Ратко Капушевски.