Прв меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“од 15 до 19 октомври во Скопје

Прв меѓународен филмски фестивал „Богородичен покров“од 15 до 19 октомври во Скопје
Во Македонскиот народен театар и Кинотеката на Македонија од 15 до 19 Октомври  се одржа првиот Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија „Богородичен Покров“.

На отворањето, земаа почесен збор министерката за култура Г-га Елизабета Канческа Милеска и директорката на Агенцијата за филм Г-ѓа Мими Ѓоргоска, Амбасадорот  на Руската Федерација Н.Е Олег Шчербак и Амбасадорот на Чешката Република Н.Е Мирослав Рамеш.
На овој Меѓународен филмски фестивал за духовни и хумани вредности во Македонија „Богородичен Покров” беа доделени дипломи за духовни и хумани вредности.

Гости на овој фестивал беа Матушка Софија од Русија-претседател на Рускиот меѓународен фестивал СРЕТЕНИЕ и добитник на ордени од највисок ред во Русија, од Република Чешка – Јуржи Свобода, филмски режисер и сценарист, член на најпрестижните филмски академии и чешкиот продуцент и режисер Виктор Криштоф. 
На филмската програма беа прикажани 15 играни и документарни филмови од фестивали и продуценти од ваков жанр од повеќе држави.

Претседател на фестивалот за 2016 година е Јован Таковски, протојереј ставрофор, годинешен добитник на признанието Орден од прв ред Свети Климент Охридски на МПЦ-ОА.   

Фестивалот се одржа под покровителство на Агенцијата за филм на Македонија и со благослов на Македонска православна црква - Охридска Архиепископија.