Резултати од изборите

Резултати од изборите
Партијата „Единствена Русија“ на шефот на државата Владимир Путин убедливо победи на вчерашните избори за Долниот дом на рускиот парламент. Според резултатите од Централната изборна комисија, владејачката партија освои 54,2% гласови според 90% обработени податоци. Со 13,5% следува Комунистичката Партија, зад неа се Либерално демократксата партија со 13,3% и Праведна Русија со 3,2% гласови. 

 

Во Македонија се регистрирани 583 руски граѓани со право на глас, од кои 153 гласаа во саботата во конзуларните претставништва во Скопје, Охрид и Битола. Во Почесниот конзулат на Руската Федерација во општина Битола гласаа 21 руски државјанин кои живеат во општините од конзуларнoтo подрачје на Почесниот конзул на Русија во Битола: Битола, Кривогаштани, Крушево, Могила, Новаци и Прилеп. Меѓу нив беа и руските студенти од Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Битола. 

 

Изборите за Долниот дом на рускиот парламент во Македонија поминаа без инциденти и изборни нерегуларности